Актуелно 11.09.2018 10:48

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да ги врати парите од стипендијата или да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да ги врати парите од стипендијата или да си поднесе оставка

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров да ги врати парите од стипендијата за ќерката или да си поднесе оставка, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Додека учениците немаат книги власта одвојува 40.000 долари за ќерката на Никола Димитров да учи во Холандија. Димитров наместо да покаже доблест и да ги врати парите на македонските даночни обврзници мува не го лази, дрско поигрувајќи си со интелегенцијата на граѓаните.
Додека секојдневно зборува за европски стандарди, на дело манифестира комунистички манири. Доколку Димитров навистина се залага за ЕУ стандарди тој треба да ги врати парите или да си поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Понатаму опозицијата додава дека граѓаните очекуваат одговорност, а не затскривање. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека Димитрови земаат високи стипендии во Македонија студентите спиеја по дворови на студентски домови затоа што МОН ненавремено ги објави списоците со примени студенти.

„Додека Димитрови земаат 40.000 долари студентите го чекаат на големо најавуваниот студентски град, кој требаше веќе една година да се гради како што ветуваше СДСМ. Лажно декларираната ЕУ заложба граѓаните веќе јасно ја гледаат. СДСМ под превезот на ЕУ интеграции, врши непотизам и криминал“, додава опозицијата во соопштението