Актуелно 20.11.2018 10:32

Вучиќ до Владата на Заев: Треба да кажат како го пуштија Груевски и зошто толку доцна распишаа потерница

Вучиќ до Владата на Заев: Треба да кажат како го пуштија Груевски и зошто толку доцна распишаа потерница

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Унгарија од Србија на граничниот премин Хоргош.

Во емисијата Кирилица на ТВ Хепи Вучиќ изјави дека Никола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.

– Дури на 13.11 во 19,35 часот од Интерпол Скопје ни е испратена потерница. Значи да го застанавме, тоа би било киднапирање на Груевски од наша страна, рече Вучиќ.

За оние кои велат дека за случајот со Груевски треба да се прашаат Албанија, Црна Гора и Србија, Вучиќ одговори дека вистинското прашање што треба да се упати до македонската Влада е како тој излегол од Македонија и дали Македонија тогаш го има гонето или не.