Во текот на вчерашниот ден на фејсбук страницата Тетово Денес“ се појави запрепастувачко видео на кое се гледа темен црн чад од непознато потекло. Според снимката очигледно е дека чадот е сериозен загадувач и многу штетен по здравјето на луѓето, а последиците по животната средина е тешко да се предвидат. Сите имаме право на чиста и здрава животна средина, а ваквите загадувачи треба да бидат регулирани и санирани. Според тоа прашуваме, кој го загадува Тетово?