Научна конференција посветена на Договорот од Преспа!
Кој ја организира ова “научна” конференција за Договорот од Преспа? Дали ова конференција ја организира МАНУ или ова конференција ја организира дел од некои академици за кои е прифатлив договорот од Преспа или ја организира некаков оддел од Академијата? На денешната најава на конференцијата, биле искажани мислеања дека договорот од Преспа не е прифатлив за дел од академиците. И сега што? Колкав дел од академиците го прифаќаат, а колкав дел не го прифаќаат договорот од Преспа? Дали конференцијата ја организираат тие што го прифаќаат или што не го прифаќаат договорот. Многу е очигледно дека ова конференција и одредувањето на нејзините учесници и цели ја организираат тие што имаат доминантна положба во Академијата и тоа го злоупотребуваат на чело со претседателот на Академијата Таќи Фити.
Центарот за стратегиски истражувања на Академијата е само параван за злоупотреба на Академијата и повреда на угледот на МАНУ.
МАНУ во политичка игра и вовлекување во референдумска кампања
Претседателот на МАНУ академик Таќи Фити ја разори и внесе раздор во највисоката научна институција во Македонија. На 6-ти мај 2018 година говореше дека “име за севкупна употреба никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата Влада ќе мора да се избори за решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менувањето на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација”.
Што го натера овој лажливец, само после неполни два месеци целосно да го смени мислењето и безрезервно да го подржи срамниот капитиулантски договор со Грција со кој се предвидува менување на Уставот и уставното име на државата? Срамно за еден човек и многу недолично за еден академик, згора на тоа и претседател на Акедемијата, која ја упропасти и ја сведе на партиска испостава. Ќе објасни ли “научно” Таќи Фити дали со Договорот се обезличуваат Македонците, дали со тоа се создава опасна ситуација и дали нашата Влада се избори за достоинствено решение, како што изјавуваше на 6-ти мај 2018 година. Таќи Фити излажа дека нема да се менува Уставот и по лагите со ништо не се разликува од неговиот ментор Зоран Заев.
АНУСМ (Академија на науките и уметностите на Северна Македонија) е новото име на Академијата наместо МАНУ
Ќе биде ли научно објаснета промената на името на Академијата во АНУСМ (Академија на науките и уметностите на Северна Македонија) наместо МАНУ?. Ќе го објаснат ли тоа научно огранизатoрите на ова наводна научна конференција? Дали Таќи Фити го чека денот кога ќе го смени името на Академијата и прв ќе ја закачи новата табла на Академијата, која согласно членот 1 став 2 точка ѓ. од Договорот, ќе се именеува како АНУСМ. Ќе ги измени ли сите акти на Академијата и сите документи и ќе го запише срамното име на Академијата? Таков безобразлак и таква бесчувствителност е запрепастувачка. Кој може да верува на ваков човек, кој на таква највисока позиција лаже? Лаже за судбоносни прашања за државата Република Македонија и за македонскиот народ.
Народот низ годините и низ вековите особено ги почитувал своите учители и културни и научни дејци, кои работеа за народот, се бореа за народот и гинеа со народот. А сега, што дочекавме? “Научна расправа” за еден капитулантски договор со коj се руши Република Македонија и нејзиниот национален и институсционален идентитет, се руши dr\avata Македонија и се обезличува Македонскиот народ. Најавените учесници академици, еминентни научници, преставници на органите на власта, но не и преставници од опзицијата, и претсавници од дипломатските мисии, многу очигледно ги покажува целите на ова наменска “научна конференција”.
Историјата не памти во Европа да се сменило името на некоја држава. Македонија е држава 74 години. Со Уставот од 1946 година во членот 1, Народна Република Македонија е држава со републикански облик. Со Уставот од 1963 година е Социјалистичка Република Македонија и со Уставот од 1991 година е Република Македонија. Се менувале Уставите, но името Република Македонија никогаш во овие 74 години не се сменило. Државата во сите овие години била Република Македонија.
Народот е посилен од сите лаги, закани и притисоци, независно од тоа дали доаѓаат од внатре или од надвор, а ги има во изобилие и од внатре и од надвор. Народот не можат да го изманипулираат никакви наменски конференции во референдумска кампања со однапред определена цел за прифаќање на капитулантскиот договор. Жалосно и многу штетно е што највисоката научна институција во Македонија МАНУ се става во политичка служба и се злоупотребува за политички интереси.
Народот има начин како ќе одговори на 30 септември на овие манипулации и тоа право никој не може да му го одземе и нема да го уплашат никакви закани и притисоци.