Актуелно 17.09.2018 12:23

Орвел вода да им носи: Слобода било ако граѓаните не знаат за какви уставни промени ќе гласаат

Орвел вода да им носи: Слобода било ако граѓаните не знаат за какви уставни промени ќе гласаат

-Многу се логични самите уставни промени што ќе се случат. Верувам дека презентацијата ќе биде штом ќе бидат готови официјалните државни комисии кои што би работеле на уставните промени… Јас сакав уште сега ако може да се презентираат, да видат граѓаните како тоа изгледа, но со сето тоа ќе се прави непријатно влијание врз граѓаните, а граѓаните треба навистина слободно да одлучат во овој период, истакна Заев.

Нивните изјави се недопустливи за одговорни политичари и ваквиот третман на граѓаните е симбол за газење на слободата и деградирање на граѓанинот. Полошо од најлошите вакви однесувања познати во историјата, потсетуваат на “орвелизмот“.

Џорџ Орвел е псевдоним на британскиот писател Ерик Артур Блер. Најпознат е по својот роман „1984“.

Ова дело претставува визија за тоталитарната држава, во која човекот е потполно деградиран како личност, каде што владеат беда и глад, каде што историјата се фалсификува и каде што човечките вредности цинично се сведени на најнизок степен. Ова е протест на писателот против овие тенденции коишто може да ја насочат историјата во тој правец. И не само протест туку и предупредување.

Не е познато дали Заев и Шеќеринска го имаат прочитано ова дело или идејата за вакво однесување ја добиле од друго место, но едно е сигурно: Тие на Македонија и приредуваат нешто многу посериозно, а Орвел со својот стил може “вода да им носи“.