Во јавноста постојано излегуваат информации и фотографии за неефективноста и неработењето на градоначалникот Шилегов. Граѓаните се гневни и коментираат дека градот не е како што беше и не личи на главен град со сето ѓубре по тротоарите и неисчистените улици.
Имено, на булеварот Јане Сандански сабајлево точно кај постојката од автобус кај Железничка имаше ѓубре и остатоци од чистење на шахтите расфрлано по тротоарот токму каде што чекаат граѓаните да влезат во автобус. Голем дел од граѓаните беа гневни и коментираа дека главниот град повеќе личи на свињарник отколку на главен град. Ваквите коментари се се почести од револтирани граѓани кои не се задоволни од тоа како градот се одржува и велат т дека градот не смее да изгледа како што изгледа сега а тоа е нечист запуштен и полн со ѓубре.