Мислам во Македонија сега треба да се истера цел мандат, луѓето се изморени од избори, но јас сум само еден човек, демократа човек. Имам разноликост и во мојата партија. Во петок ќе отвориме дебата во партијата за ова прашање, рече премиерот Зоран Заев гостувајќи на телевизија АлсатМ одговарајќи на прашањето дали треба да има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.
-Ако има предвремени парламентарни избори одлуките за инвестииции на пример ќе чекаат. Парламентарните избори имаат влијание, или треба да биде ова економска година, тоа е причина плус зошто да нема, друга причина зошто да нема е што треба да завршиме со реформите, рече Заев.
Тој укажа и дека има и аргументи зошто да има предвремени претседателски избори. Заев посочи дека се направени големи одлуки и дека граѓаните е добро да кажат дали да се продолжи со тоа или не и ќе бараат нешто поинаку, друга понуда.
-Јас сум растеретен политичар, донесовме тешки одлуки, ама Македонија ја ослободивме трајно и вечно, кога донесовме одлуки кои предизвикаа и мачнина и горичина кај граѓаните, ама предизвикаа и надеж за иднината. Ајде да ја материјализираме таа надеж да има економски ефекти, да ги направиме реформите, да одработиме, па ако сме добри граѓаните ќе не гласаат и ако не успееме како вика Цацко „дај друго дете“, рече Заев.
Сепак тој посочи дека аргументи има сепак и на двете страни и за предвремени избори, ама и да нема.