Актуелно 03.02.2020 15:26

Дали Кирацовски во „Рекет” наместо сведок треба да е во друго својство?

Дали Кирацовски во „Рекет” наместо сведок треба да е во друго својство?

Денеска во 12:30 имаме подготвително рочиште по тужба од страна на пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски упатена кон мене заради за нас смешни причини, упатени прашања од моја страна јавно на прес конференција кон пратеникот Александар Кирацовски, по негова дадена изјава откако излезе од распит од судот. Прашања кои што ја занимаат целокупната јавност, верувам дека се уште ја занимаат бидејќи не се одговорени кој практично и ги потврди на еден начин во неговата изјава каде што и самиот Кирацовски на некој начин потврди дека се што е добро за неговиот град, тој е подготвен и е негова обврска да лобира во рамките на законот и да посредува за проекти од добробит на граѓаните, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Морам да истакнам два моменти. Најпрво срамно е да се тужи за упатени прашања, но ние сме тука, ние сме одговорни, ние сме чесни, ние сакаме да се дознае вистината затоа денеска сме тука да на некој начин ја изнајдеме вистината на суд. Вториот момент кој што мора да го напоменеме е дека Александар Кирацовски во некое друго време и со некој друг јавен обвинител кој што нема да биде сервилен на власта, како што е Вилма Русковска на која што треба меѓу другото треба до крајот на животот да и пали свеќа и да се моли за нејзе, немаше да биде во судовите во својство на сведок за случајот „Рекет“ , туку најверојатно ќе беше во некое друго својство.“

-Уште еднаш сакам да ги повика медиумите, сакам да ги повикам граѓаните да го следат случајот. Сеуште нормално го повикуваме и Кирацовски да ги одговори истите прашања кои што беа поставени претходно. Тоа се добро познати која е неговата инволвираност во случајот „Рекет“. Во однос на правосудниот систем, иако во моментов обвинителството и судството се сервилни кон актуелната власт, верувам дека за многу брзо ќе се смени тоа и граѓаните ќе можат да на некој начин ја најдат својата правда во судовите, наместо како што во моментов се потекнува од „Илинденска бб“, односно од главата на криминалниот октопод, Зоран Заев, потенцираше Арсовски.