Актуелно 13.03.2020 19:04

И од затворање кафулиња прават пропаганда- вака се подготвува инспекцијата за затворање на објекти на улица Македонија (ФОТО)

И од затворање кафулиња прават пропаганда- вака се подготвува инспекцијата за затворање на објекти на улица Македонија (ФОТО)

До нашата редакција пристигнаа фотографии од лица вработени во Државниот пазарен инспекторат кој со камера излегоа на терен во проверка на почитување на мерката издадена од владата поврзана со коронавирусот.

Имено тие тргнаа во обиколка на улица Македонија каде има најголем број на угостителски објекти, но тоа што е спорно е тоа што сето тоа тие го снимаат со камера и камерман.

Значи ли ова дека од затворање на кафулиња тие прават пропаганда?, останува да видиме.

Инаку владата вчера донесе одлука угостителските објекти во наредните 14 дена да работат до 18 часот поради алармантноста со ширењето на коронавирусот во Македонија.