На 4 март оваа година, Фатиме Фетаи, екс Чарлиевиот ангел која неславно заврши како и другите од СЈО, и која повеќе се прослави со скапата облека, арогантото однесување и астрономските бонуси, отколку со својата работа, овој пат како обвинител од регуларното ЈО заминала на некој симпозиум во Хрватска. Поточно во Дубровник.
Со неа отпатувала иекое друштво од Битола, односно од тамошниот Правен факултет.
Симпозиумот траел до 14 март, по што Фетаи и друштвото се вратиле во Македонија. Без никаков проблем, бидејќи на прашањето во врска со ситуацијата околу вирусот, таа одговори дека во нашата земја, во тој момент, Хрватска била сметана за земја со низок ризик од корона, па немало потреба ниту да се пријавува, ниту да биде во некаква самоизолација, што се однесува и на другите учеснички од РМ на тој симпозиум.
Вака гледано, се е во ред. Фетаи и другите влегле сосема нормално во Македонија. Ова подоле е извадок од списокот на земји со соодветен степен на ризик, објавен од Министерството за здравство на Филипче на 11 март, во кој Хрватска (претпоследна на оваа листа) спаѓа меѓу земјите со низок степен на ризик од Ковид 19. До 14 март, нема друг список.
МЗ на Македонија, 11 март 2020
Арно ама, во оваа убава приказна од Дубровник, има еден друг проблем. Имено, на 5 март, само еден ден откако почнал симпозиумот, хрватскиот министер за здравство Берош потпишал Одлука за прогласување опасност од епидемија. Одлуката, лесно се наоѓа и на сајтот на хрватската Влада. Но, добро. Опасност е опасност, тоа се уште не е епидемија. Никому ништо. Иако, при опасност од епидемија, прво нешто пто би требало да ви падне на памет е да се консултирате и да си отидете дома. Ама, можеби вам, не на сите.
Но, на 11 март истата година, по состанокот на хрватскиот премиер Пленковиќ со надлежните министри и нивниот Кризен штаб, донесена е Одлука за прогласување на епидемија од корона вирусот на територија на цела Хрватска. Значи на 11 март, Хрватска и официјално станува држава во која е прогласена епидемија од Ковид 19.
Колку што е познато, Дубровник каде во тој момент се наоѓа Фетаи со друштвото, се уште се наоѓа во Хрватска, што значи влегува во територијата за која се смета, со одлука на властите на таа земја, дека е зафатена од епидемија.
Како што видовме погоре, за македонските власти и за надлежните за справување со кризата на чело со Филипче, тоа не значи ништо. Хрватска има епидемија, но за Македонија и по 11 март, Хрватска е во списокот на држави кои се со низок степен на ризик кога е во прашање Ковид 19. Како е можно? Хаос кај Филипче? Ништо ново.
Така, формално правно, Фетаи без било каква процедура влегла во Македонија. Но, и тоа е проблем. Не е можно таа и друштвото да не знаеле дека Хрватска веќе е земја во која е прогласена епидемија. И од земја во епидемија, таа и тие со неа нормално се враќаат во Македонија и продолжуваат со нормален живот. Меѓу другите луѓе. Ни на крај памет дека заради сопственото здравје треба да се исконсултираат со стручни лица (можеби и го направиле тоа, но што вреди кога инкубацијата е 14, а според некои и 28 дена?), но секако, и заради здравјето на другите. Ама, тоа е Фетаи и тоа е Гучи. Нели?
На Филипче пак, очигледно како што му се протна Цаца која била само на неколку километри од Милано, односно од шопинг центарот, можела да му се протне цела Хрватска, ама што има врска. Ова не е ебола. Ова е корона, заболуваат 20 отсто, умираат само пет отсто. Нема потреба од врева. Сепак, Цаца и Фетаи не се било кои луѓе? Нели. Тоа што и Фетаи и „убавото“ друштво можеле да бидат носители и да заразат други, нема врска. Нели Филипче? Плус не се дебели, веројатно не се ни хронични, па и да имаат вирус лесно ќе поминат. Впрочем, ете ја Цаца, супер си е жаната, бадијала беше вревата. Така? Или токму заради тоа „така“ се урна системот!