Банкарство 03.08.2018 11:41

Банките го затегнаа кредитирањето

Банките го затегнаа кредитирањето

Банките го затегаат кредитирањето, особено на фирмите. Растат каматите за кредитите, се намалуваат за депозитите. Според последниот извештај на НБРМ кој се однесува на јуни годинава, кредитирањето на фирмите станува се поскапо.

За новоодобрените кредити за корпоративниот сектор каматата е зголемена за 0,05 процентни поени и сега просечната камата изнесува 4,64%.

И штедењето за фирмите станува понеисплатливо. Каматата за новите корпоративни депозити падна од 1,39% во мај на само 0,89% во јуни.

Бизнис секторот се жали дека кредитирањето потребно за одржувањето на ликвидноста на компаниите но и за нови инвестиции станува се потешко што ќе се одрази на нивнто натамошно работење.

Заради лошите кредитини услови, и досега макеоднските фирми не беа презадолжени. Според извештај на Светска банка за 2017 години, долгот на фирмите кон банките изнесува 49% од БДП. Споредено со равзиените земји, овој процент е низок. Автриските короративни кредити изнесуваат 84 од БДП, во Франција долгот кон банките  е 101% од БДП, а во Германија 77%.