Сите економски индикатори се во слободен пад. Градежништвото падна за 20%, капитални инвестиции имаат најниско ниво на реализација, а БДП стагнира со 0%. Цените на производите растат, платите стагнираат додека се најавуваат и покачувања на даноците.
Нови проекти нема, додека огромните задолжувања на власта стигнаа до бројка од 1,6 милијарди евра одат на товар на граѓаните и државата.
Од најавените 372 проекти кои ги презентираше владата само 10 од нив биле реализирани. Капитални инвестиции нема додека странскиот капитал се одлива, а нови инвеститори нема на повидок.
Македонските граѓани велат дека се разочарани и дека се гневни заради фактот што владата не ги исполнила ветувањата што ги дала пред да дојде на власт.