Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во третото тримесечје од 2018 година е помал за 0.2 процентни поени во однос на второто тримесечје од 2018 година, а e ист во однос на истото тримесечје од 2017 година.
Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се понеповолни во однос на претходното тримесечје.
Очекувањата за бројот на вработени се дека тој ќе се намали.
Оценката за економската состојба во третото тримесечје од 2018 година е поповолна во однос на претходното тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата.
Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22.4 %, нема побарувачка со 20.3 %, конкуренција во сопствениот сектор со 13.8 % и недостиг на обучен кадар со 12.1 %.