Актуелно 09.08.2018 11:40

Малку вработувања, но платите во непрофитните организации се меѓу најголемите во Македонија

Малку вработувања, но платите во непрофитните организации се меѓу најголемите во Македонија

Најчесто имаат вработено управител и секретар, немаат профит, но невладините организации обезбедуваат големи плати за македонски стандард.

Вработените во синдикатите, фондации, еколошки друштва, здруженија за штитење на човековите права, остварување на политички интереси, спортско-рекреативни сојузи,се на четврто место според висината на плата во Македонија.