Актуелно 15.08.2018 11:49

МЕПСО демантира: Фризерката на Кирацовски нема да прави фризури туку ќе чисти

МЕПСО демантира: Фризерката на Кирацовски нема да прави фризури туку ќе чисти

веста дека фризерката на Кирацовски добила прекоманда од Агенцијата за катастар на недвижнини на РМ во Македонскииот електропреносен систем оператор, реагира работодавачот МЕПСО, кој демантира дека фризерката на Кирацовски ќе му прави фризури на директорот Сашо Василевски – Кико за 43.900 денари, туку ќе работи како чистачка за 19.200.

Демантот го пренесуваме во целост:

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавност Ве информираме дека МЕПСО склучи договор за работен однос со лицето П.К. кое е вработено на работно место хигиеничарка со плата од 19.200 денари. Работниот однос е заснован согласно со огласот за вработување објавен на 16 јули. 
Со ова ги отфрламе како невистинити паушалните наводи објавени во јавноста дека фризерка е вработена во МЕПСО за плата од 43.900 денари кои штетат на објективното новинарство. 

Во прилог е линк од објавениот оглас достапен на интернет страницата на МЕПСО http://mepso.mk/Vesti.aspx?itemVID=454

Цитат од делот од огласот што се однесува на горенаведеното работно место:

  1. 1 (еден) извршител на работното место ХИГИЕНИЧАР во Работилница , во служба за одржување на ТС ,Оддел за ТС ,Подружница ОПМ со основно образование – I степен основно училиште , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 19.200,00 денари.