На официјалната страна на Јавни Набавки стои оглас објавен од страна на Собранието на Република Македонија. Во огласот под предмет на јавна набавка стои набавка на мебел додека во делот на проценета вредност без ддв стои износ од 2.500.000 денари или 40 илјади евра.
Собранието планира да потроши 40 илјади евра за мебел. Во јавноста излегуваат информации дека расипништвото на Владата нема крај и дека се трошат народни пари за луксузирање и без реална потреба додека институциите не се модернизираат и воопшто ја немаат подобрено својата ефективност и ефикасност.
Според експертите ваквиот вид на трошења на државни и народни пари фрла сенка врз работата на институциите во кои граѓаните се помалку имаат доверба.