Премиерот на Владата Зоран Заев, во вечерното интервју дадено за вестите на Сител јавно призна непотизмот продолжува да царува во јавната администрација, односно како што рече тој според него нема ништо спорно во тоа функционерите од неговата влада да ги вработуваат децата во јавната администрација.
На прашањето дали нема начин некој да си го вработи синот, внучето, Заев одговори: Секако дека има. Македонија мала. Мој пријател колега-градоначалник Невзат Бејта ја вработил својата ќерка во МЕПСО.
Тој веќе не е градоначалник.Веројатно и неговото дете, ако чекало вработување а не смеело кај таткото во општината. Но, има такви случаеви но тие се минорни, вели Заев. Имено, Заев во минатото обвинуваше дека тогашната влада врши партизација на јавната и државната администрација со вработување на блиски лица до тогашната влада, додека сега од позиција го прави сосема спротивното.