Мозаик 10.09.2018 15:04

Протекоа цените на новите модели iPhone

Протекоа цените на новите модели iPhone

iPhone 9 би требало да чини како iPhone 8, наследникот на X како 8 Plus, додека XS Plus би се продавал по цената за сегашниот iPhone X. Тоа значи дека Apple ќе ги остави цените исти. Останаа уште четири дека до конференцијата на Apple, кога ексклузивно ќе бидат презентирани новите iPhone-и и новиот смартчасовник.

Цената на наследникот на iPhone X ќе изнесува 1.000 долари, X Plus моделот ќе биде 1.100 долари, додека iPhone XS ќе биде 900 долари. Фактички сегашниот iPhone X ќе се намали на 800 долари, што ќе биде дури 200 долари поевтин, додека моделот со 6,1 инчен LCD дисплеј ќе биде 700 долари. Ова се навистина добри цени. Не знаеме само дали од причина на тоа што Apple подлегна на критиките или пак компонентите од кои се составени смартфоните се поевтини.