Финансии 13.06.2018 12:58

Утврден новиот текст на предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Утврден новиот текст на предлог-законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

На денешната редовна 72 седница Владата на Република Македонија го утврди новиот текст на Предлог –
законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Целта на предложениот закон е
негово усогласување со одредбите од 4-та ЕУ Директива за спречување на употребата на финансискиот
систем за перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.

 

Согласно оваа директива, меѓу другото, се прецизираат и усогласуваат одредбите кои се однесуваат на
вистинските сопственици и се предвидува воспоставување на регистар на вистински сопственици во
рамки на Централниот регистар на РМ. Со тоа се предвидува обврска за правните лица да поседуваат,
чуваат и да ги впишат во регистарот на вистински сопственици податоците за нивните вистински
сопственици, и се намалува износот на забраната за вршење на готовински плаќања од 15.000 евра на
2.000 евра.