Актуелно 12.10.2018 08:15

Дузина чамци казнети за цела летна сезона, санкциониран и таткото на малиот Марко

Дузина чамци казнети за цела летна сезона, санкциониран и таткото на малиот Марко

Инспекторите за безбедност за внатрешната пловидба од пристанишната капетанија во текот на летната сезона испишале 12 казни за прекршоци направени од страна на моторните чамци во периодот јули-август-септември во Охрид и Струга, а меѓу нив е и името на Тони Пејчиноски, таткото на малиот Марко кој на 12-годишна возраст успеа да го преплива Охридското езеро.

– Во извештајниот период направени се вкупно педесет и седум (57) надзори од кои се констатирани дванаесет прекршоци, на кои за десет (10) прекршоци се поднесени прекршочни пријави до надлежните судови, а за два (2) прекршоци се издадени прекршочни платни налози – се вели во сублимираните информации од инспекцискиот надзор поднесени до Министерството за транспорт и врски.

ОД 57 проверени, казнети биле 12-тмина, од кои 11 моторни чамци не биле регистрирани. Биле проверени и бродовите „Кристина“, „Галеб“, Александрија 1“ и „Александрија2“, кај кои не бил констатиран прекршок. Од сите евидентирани контроли, пет пловила биле со странска регистрација.

Таткото Марко Пејчиноски, кое го преплива Охридското Езеро на 12 годишна возраст, Тони Пејчиноски, од страна на Капетанијата на пристаништа на РМ – Охрид, поради истекување на сообраќајна дозвола на пловен објект Кајче, беше казнет со мандатна казна од 300 евра. Ваквиот чин од страна на Езерската Полиција и Капетанијата на пристаништа, бил утврден на само една недела пред Марко на почетокот на септември да го преплива Охридското Езеро, поточно на секојдневниот тренинг кој го правел неговиот татако Тони Пејчиноски со неговиот син Марко, кај месноста викана Канео.

Овој акт на езерската полиција при РЦ Запад на МВР и капетанијата на пристаништа беше осуден од јавноста, бидејќи таткото се пожалил дека службите знаеле дека пловниот објект го користи за тренинг а не за комерцијални цели.

Согласно  Законот за внатрешната пловидба, во извештајниот период, е вршен надзор над способноста за пловидба на пловните објекти, бројот, составот и стручната оспособеност на екипажот, превозот на патници во поглед на заштитата на животите на луѓето и имотот, заштита од загадување од пловните објекти.и др.

„Инспекторот за безбедност во внатрешната пловидба за овој период континуиранo  соработувал со МВР, како и повремено со мобилната екипа на Царинската управа на Република Македонија. Во рамките на ваквата соработка се организирани заеднички договорни состаноци за заедничко дејствување заради отстранување на негативните состојби и слабости во безбедноста на внатрешната пловидба“, се додава во извештајот.