Актуелно 31.08.2018 17:22

И покрај поразителната статистика Анѓушев оптимист за капиталните инвестиции

И покрај поразителната статистика Анѓушев оптимист за капиталните инвестиции

Владата смета дека капиталните инвестиции ќе се реализираат според очекуваното. Вицепремиерот Кочо Анѓушев е оптимист и покрај последните поразителни податоци кои покажуваат дека од почетокот на годината  реализирани се само 20 одсто од предвидените 390 милиони евра за капитални проекти. Анѓушев тврди дека заглавените проекти почнуваат да се градат и до крајот на годината ќе има забрзана реализација. За седум месеци потрошени се само 80 милиони евра за капитални инвестиции, пто е најмалку во псоледните 10 години.

„Со задовлство можам да кажам дека подолго време заглавените проекти кои што требаше да бидат завршени пред година ипол и две години и веќе практично ги одглавивме и сите тие инвестиции почнуваат со својот интензитет на работа. Јас очекувам дека до крајот на годината ќе го достигнеме бараното ниво на капитални инвестиции. Проектите ги подготвивме , сега почнува интензивна реализација на истите и јас очекувам дека бројките ќе ги видиме такви какви ги очекуваме“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер.

 

Извор: Алсат