Економија 10.09.2018 23:23

Велес полн со автомобили од други градови за митингот на Заев

Велес полн со автомобили од други градови за митингот на Заев

Иако денеска официјално започна кампањата за референдумот кој треба да се одржи на 30-ти септември, власта веќе подолг период активно истата ја тера. Премиерот и другите членови на Владата веќе на терен агитираат граѓаните да гласаат „ЗА“ на референдумот за договорот со Грција, со кој се предвидува менување на уставното име и Уставот на Република Македонија.

Денеска како дел од кампањата, премиерот Зоран Заев беше во Велес, каде што можеа да се забележат голем број автомобили од други градови. Автомобили од Скопје, Кавадарци, Неготино и други градови може да се забележат по паркиралишатата во Велес вечерва. Дел од граѓаните коментираат дека очигледната неможност да се соберат доволен број велешани можеби е причината што морало да се носат автомобили од други места низ Македонија.

Инаку, откако власта ја започна кампањата за референдумот во скоро сите градови може да се забележи присуство или на автобуси или на голем број автомобили од други градови.